Селекторот, Благоја Милевски, вели дека фудбалерите ќе имаат шанса на теренот на Англија да ги покажат нивните вредности и целиот потенцијал кој ни донесе неколку изненадувања против фаворитите.
„Ваков натпревар играте можеби еднаш во своите кариери, играчки или тренерски. Сите тие изминатите години покажаа дека имаат сили, знаење и потенцијал да се надигруваат со секоја квалитетна репрезентација, па верувам така ќе биде и утре против Англија“ – истакна Милевски на прес-конференцијата на „Олд Трафорд“.
„Не чувствуваме никаков притисок затоа што играме против една моќна селекција како Англија. Не треба да трошиме зборови за квалитетот за Англија, дали индивидуален или тимски, дали се работи за репрезентативниот или клупскиот фудбал на Островот. Ќе ни биде чест и задоволство да одиграме против селекција како Англија“ – нагласи Милевски.

