Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Благоја Милевски, најави дека на утрешниот пријателски меч со Фарски Острови во Скопје, ќе им даде шанса на тие што имаат помала минутажа.
„Фарски острови на последните осум мечеви имаат само еден пораз. Ја победија Турција и сето тоа говори дека денеска нема слаби селекции, нема аутсајдери, дека сите напредуваат и сите следат модерни трендови во фудбалот“ – вели Милевски.
„На последниот меч со Молдавија покажаа дека се цврст и агресивен тим, кој игра со многу трчање и кој напредувал на тактичко-технички план. Нѐ чека сериозен противник“ – вели Милевски.