Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Благоја Милевски, по вчерашната победа на дуелот со Малта, потенцира, дека новите фудбалери ја оправдале довербата.
„Честитки за играчите. Одигравме добар меч и заслужено ги освоивме бодовите. Малта континуирано покажува дека е сериозна репрезентација. Ме радува фактот дека имаме млада репрезентација и дека одиме по добар пат да направиме конкуретна селекција за наредните 5-6 години“ – вели Милевски.
„Мора да бидам задоволен од тоа што го направија фудбалерите, од мотивот, пристапот, борбеноста. Тимот добива нов лик и горд сум на момците“ – потенцира Милевски

