Македонската фудбалска репрезентација до 21 година се соочи со проблеми поради позитивни тестови на ковид-19, па иако синоќа беше најaвено дека Чурлинов, Тодороски и Јанков ќе бидат прекомандувани во А селекцијата, веднаш мораше да се реагира и тиа остануваат кај младите фудбалери.
Селекторот Благоја Милевски мораше дополнително за натпреварот со Црна Гора да повика неколку нови фудбалери. Се работи за играчи од домашното првенство и еден од Бугарија. Повик добија Енсар Љума (Шкендија), Ване Јованов(Академија Пандев), Славе Маркоски (Охрид) и Виктор Крстевски (Вардар). Од страна на ФФМ не беше соопштено кои се играчите кои отпагаат од списокор на Милевски за оваа средба поради позитивни тестови на, но повеќе ќе се знае по новите тестирања кои се планирани за утре.
Натпреварот со Црна Гора е последен за нашата млада селекција од квалификациската група, а со победа Македонија ќе може да заврши на второто место, но за жал ги загуби шансите за пласман на Европско првенство.

