Македонскиот селектор Благоја Милевски денеска го објави списокот на фудбалери за претстојните два меча со Лихтенштајн и Германијаво во мундијалските квалификации .
На истиот фигурираат неколку повредени фудбалери, Барди, Муслиу, Адеми како и дебитантот, Ердал Ракип, кој ги брани боите на Малме од Шведска.
Репрезентативците во тренинг процес ќе влезат од понеделник. За Лихтенштајн ќе се патува на 6 октомври.