А-фудбалската репрезентација на Македонија, по ремито 2:2 кај Исланд, веќе утре ја очекува нов меч во квалификациите за СП 2022. На прес-конференцијата пред мечот со Романија, селекторот Милевски ги искажа своите очекувања од дуелот на Националната Арена во Скопје.
„Утрешната средба има свое значење, но и останатите четири ќе бидат важни. Играчите не само што се мотивирани, туку веќе и го заборавија Исланд. Мислите, концентрацијата и мотивите ни се насочени на Романија. Не можам да не ги пофалам момците за покажаното на двата дуели досега. Иако одработивме само неколку тренинзи, тие бргу ја сфатија филозофијата и начинот на работа. Нема притисок, освен спортскиот. Романија како репрезентација е сериозен тим, составена од индивидуално квалитетни поединци. Ние сме на почеток на нов проект, за како треба да изгледаме во иднина. Ова е наш прв собир со играчите, но по тоа што го видов досега, јас сум задоволен. Овој натпревар со Романија не е финале, има уште доста натпревари до крајот“, вели Милевски.
Дуелот со Романија утре ќе започне од 20.45 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.