Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Милевски. „Сакам момците да уживаат во натпреварот, а јас немам дилеми со кој состав ќе играме против Италија“
    Фудбал

    Милевски. „Сакам момците да уживаат во натпреварот, а јас немам дилеми со кој состав ќе играме против Италија“

    risteBy riste23/03/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Утре Македонија игра против Италија историски натпревар, а селекторот Благоја Милевски кој ја води нашата селекција го слави својот 51 роденден. Селекторот е мирен и се обидува да ја насочи концентрацијата на противникот, а на прес-конференцијата збпоруваше за тоа што очекува од своите избраници, но и со комплименти го искажа својот респект кон Италија.

    „Секоја репрезентација има свои квалитети и не би издвоил ниту една селекција како урнек како би требало да игра Македонија утревечер. Секоја селекција има различни инвидуалци, различни карактеристики и не издвоил ниту еден национален тим кој личи на нашиот. Натпреварот во Торино пред неколку години за мене нема допирни точки. Тој беше квалификациски, а ова е бараж натпревар и не би размислувал во тој правец.

    Атмосферата е одлична и можам само да посакам вакви момци. Дилеми околу тимот немам, составот ми е познат и верувам дека и по тренингот вечерва сите ќе бидат здрави и спремни. Верувам дека сме подготвени за секое сценарио утревечер. Го почитувам Манчини и неговата работа, тој е најзаслужен што Италија е европски првак, но секој си има свој план, така и Манчини, како и јас. Се надевам дека сме подготвени и физички да играме повеќе од деведесет минути. Последната моја порака утре ќе биде сите фудбалери да уживаат во натпреварот. 

    Македонија неслучајно е тука, покажа квалитет во квалификациите и треба да уживаме и да го дадеме максимумот утревечер. Реален сум и секогаш тргнувам од сопствените редови. Македонија има цел во иднина да стане секогаш конкурентна во квалификации за Европско и Светско првенство. Рано е да се зборува дека сме дел од европскиот крем. Далеку сме од тоа, но имаме талент и потенцијал да бидеме поблиску до европскиот врв“, истакна селекторот Благоја Милевски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина

    20/03/2023

    Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда

    20/03/2023

    Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 

    20/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина
    • Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда
    • Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 
    • Верстапен не е задоволен од второто место
    • ВБА им постави ултиматум на Фјури и на Усик
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.