Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Благоја Милевски, вели дека експедицијата не пристигнала туристички во Рим тука сака да обезбеди позитивен резултат против Италија во квалификациите за ЕП.
„ Секој натпревар е посебна приказна. И овој што не очекува утре е посебен. Сам по себе носи убавина и тежина. Ние сме туку да го дадеме најдоброто. Сме во фаза на создавање млад тим кој ќе биде конкурентен во наредните 4-5 години. Момците кои добиваат минутажа ја оправдуваат довербата“ – вели Милевски
„Немаме резултатски императив но, секогаш кога настапувате за државата мора да дадете се од себе. Италија влегува меѓу трите најдобри селекции не само во Европа туку и пошироко“ изјави Милевски на прес-конференцијата.