Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Милевски: Се радувам на првата средба со играчите
    Фудбал

    Милевски: Се радувам на првата средба со играчите

    sasoBy saso12/08/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Благоја Милевски од 1-ви август и официјално е нов селектор на нашата најдобра фудбалска репрезентација. Во пресрет на неговото деби во септемвриските квалификации за СП во Катар 2022 година, за ФФМ, нашиот селектор изјави:ж

    „Оваа функција за мене пред се е гордост и исполнетост. Од спортски аспект, од национален и од човечки. Посебно е чувството да се селектор на А- репрезентацијата. Иако седум години ја водев младата селекција на Македонија, сепак ова е нешто посебно. За мене круна на секој тренер во неговата кариера е да се биде предводник на најдобрата репрезентација на својата земја“, напомена Милевски.

    „Да, секако дека се радувам на првата средба, на првиот собир со играчите, со многумина од нив и добро се познавам. И со другите исто така се познаваме, не чувствувам никаква разлика, само една позитивна атмосфера“ рече новиот селектор.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Белингам стана најскапиот англиски фудбалер

    07/06/2023

    Џуд Белингам е нов член на Реал Мадрид

    07/06/2023

    Арапите го сакаат и Заха

    07/06/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Белингам стана најскапиот англиски фудбалер
    • Џуд Белингам е нов член на Реал Мадрид
    • Костов ќе ги води пелистерци во наредната сезона
    • Ивановски и Србљак влегоа во второто коло
    • Астон Мартин ќе се појави со подобар болид
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.