Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Милевски: Штета што не постигнавме и повеќе голови
    Фудбал

    Милевски: Штета што не постигнавме и повеќе голови

    sasoBy saso24/03/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската репрезентација на Македонија со победа од 2:1 над Малта ја почна квалификациската група за пласман на ЕП 2024 година. Во натпревар во кој одлуката падна во второто полувреме, селекторот Милевски не го дочека крајот на мечот, откако доби црвен картон во финишот. На прес-конференцијата по средбата тој вака го оцени дуелот со Малтежаните.

    „Честитки за момците, за енергијата, желбата и тактичката дисциплина што ја покажаа на овој натпревар. Ваквите мечеви како со Малта се најопасни. Од меч во меч се подобро играме. Треба време за да се создаде хемија меѓу играчите. Се повеќе личиме на тим каков што сакам. Тоа го покажуваме од собир на собир. Во првото полувреме мораше акциите да ги завршуваме со повеќе удари на гол, а не можам да не сум задоволен од второто полувреме. Штета за играчите што оваа победа не е со повеќе голови. Пред се поради нив и нивната самодоверба. Најтешко е да се игра против вакви селекции Малта, Исланд, Фарски Острови… Секогаш морате да сте на високо ниво. Задоволен сум од севкупниот впечаток“, заклучи Милевски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Осимен не размислува за трансфер

    06/06/2023

    Голгетерот сака да оди на „Сантијаго Бернабе“

    06/06/2023

    Касемиро се осврна на деби сезоната во Англија

    06/06/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Осимен не размислува за трансфер
    • Голгетерот сака да оди на „Сантијаго Бернабе“
    • Касемиро се осврна на деби сезоната во Англија
    • Марко: Хорнер сакаше да оди во Скудерија
    • Баварците нема да се разделат со Дејвис
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.