Фудбалерите на Македонија утре ќе го пречекаат Велс во рамките на втората рунда од квалификациите за Мундијалот. Нашиот селектор, Благоја Милевски, вели дека сме подготвени иако се знае под какви околности го започнавме циклусот.
„Треба да бидеме совршени на тактички план и во тркачкиот дел и секако мора да бидеме максимално фокусирани ако сакаме да се надеваме на позитивен резултат. Пред мечот со Лихтенштај и сега, емоциите се тука, мислам дека самата подготовка за овие натпревари е посебна тешка за мене и фудбалерите“ – рече Милевски.
„Околностите за жал се тие, се надевам дека никогаш повторно нема да се соочиме со такво нешто. Сакаме на еден начин да се оддолжиме за жртвите и да го израдуваме овој народ со побед“ потенцираше Милевски.

