Селекторот на нашата фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, денеска го објави списокот на повикани фудбалери за октомвриските дуели со Летонија (10.10) и Ерменија (13.10) на гостински терен. Како ново име во националниот тим е Андреј Стојчевски, кој е прекомандуван од младата селекција.
„Списокот е тој што е. Имаме повреди кои не се планирани. Трапановски не е тука поради повреда заработена на тренинг. Трајковски се надевам дека ќе биде добро и ќе се приклучи во тимот. За жал Дарко Велковски се уште нема клуб и не е во посакуваната форма и она што се очекува од него. Останатите се надевам дека ќе бидат во ред и дека ќе бидат на посакуваното ниво. Не очекуваат уште 4 меча. Сите се важни. Овие два против Летонија и Ерменија се битни исто како и останатите. Ме радува што ние се прашуваме за распоредот на табелата“, вели Милевски.
На списокот на Милевски за овој двомеч се најдоа 25 фудбалери. Собриот на македонската репрезентација е закажан за 7 октомври во Скопје.


