Селекторот на нашата фудбалска репрезентација Благоја Милевски, денеска и официјално го објави списокот на повикани фудбалери за последните две средби од квалификациите за СП 2022 против Ерменија (11.11.) и Исланд (14.11.). Милевски главно ќе се потпре на проверени сили, а единственото име е Валон Етеми, фудбалерот на турскиот второлигаш Истанбулспор.
„Валон е селектиран уште во У21. Игра во одлична форма и од него зависи дали и колку ќе се наметне. Опција е за нас, а на него е да се наметне. Турската втора лига е силна и мислам дека тој заслужи повик во репрезентацијата“, вели Милевски.
За престојните дуели напомена дека ќе се бориме се додека има шанси за успех.
„Не се откажуваме се додека има и теоретски шанси. Ние одиме на победа на секој меч и така ќе биде се додека сум јас селектор. Против Ерменија можеме да очекуваме тежок меч, на кој сите мора да бидеме максимално сконцентрирани и мотивирани. Последниот меч таму е загубен, но ова е сосема нова ситуација“, вели Милевски.


