Македонија беше поразена од Германија во натпревар од квалификациите за СП 2022 година, резултатот убедлив 0:4 иако по првото полувреме немаше голови. Селекторот Благоја Милевски по натпреврот на прес-конференцијата даде свое видување на оваа средба.
„Прво, сакам да ѝ ја честитам победата на Германија. Заслужена, но од друга страна, не можам да бидам незадоволен од поставеноста и играта во првиот дел и посебно транизициите, кои не искористивме ниту една од нив. Во второто полувреме сите четири гола кои ги примивме беа исклучиво по наши индивидуални грешки и тоа нема врска ниту со тактика ниту со поставеност. Тактички, момците одговорија во првиот дел, но по првиот гол паднавме и физички. Можеби недоволната физичка подготвеност на одредени играчи, носи и индивидуални грешки“, изјави Милевски
Селекторот Милевски се исврна и на повредата на Аријан Адеми кој мораше да ја напушти играта по 29 минути игра во првото полувреме..
„Адеми е важен дел од тимот и од тактиката. По неговата замена имавме пет-шест минути во кои Спировски фаќаше ритам. Подоцна, мислам дека се беше во ред. Против Германија не можеш да играш едно полувреме и да бидеш на ниво само 45 минути. Мора да си врвен 90 минути ако сакаш да оствариш поголем резултат. Она кое го велам дека подготвуваме тим за ЕП 2024 не значи дека се откажуваме од второто место, ние сме во фаза на освежување на репрезентацијата и на создавање на тим кој ќе биде конкурентен во европските квалификации за ЕП 2024. За останатото, секоја можност која ќе ни се даде, ќе се потрудиме да ја искористиме да ја зграбиме таа шанса.“, заврши Милевски.
На Македонија сега и останува да ги добие преостанатите два натпревари со Ерменија и Исланд, а воедно да се надева на кикс на Романија на средбите со Исланд и Лихтенштајн.