Селекторот на нашата фудбалска репрезентација Благоја Милевски на новинарско прашање, ја коментираше одлуката на Стефан Ристовски да се откаже од националниот тим на Македонија.
„Мојата почит е кон Ристовски и кон сите репрезентативци, а тоа го покажува и мојот пат до Загреб и разговорот со Стефан. Моја беше идејата да биде лидер и капитен на тимот, јас му ја доделив капитенската лента, и јас ја изразив мојата почит. Имавме конструктивен разговор, но имавме различни гледишта за некои работи, но сето тоа за подобрување на тимот. За жал нема да биде дел од нас, ја почитувам одлуката, што не значи дека ќе се намали мојата почит кон него како личност. Единствено што ми засмета што дознав преку социјалните мрежи, а јас не користам социјалните мрежи. Нема нешто друго во прашање“, рече Милевски.