Селекторот на фудбалерите, Благоја Милевски, на денешната прес-конференција нагласи, дека ремито со Италија е заборавено и дека доаѓа нов предизвик во квалификациите за континеталниот собир.
„ Малта покажа дека е квалитетен тим, компактен и организиран кој не намачи во Скопје. Не смееме да се опуштаме, мора максимално сериозно да пристапиме. Момците се свесни што значи натпреварот за да ја задржиме позитивната енергија и тимски дух кој не краси“ – рече Милевски.
Мечот од новата рунда квалификации за ЕП ќе биде одигран утре од 20.45 часот на Националниот стадион во Малта.