Селекоторот на нашите најдобри фудбалери, Благоја Милевски, по пријателскиот меч со Финска кој заврши 1:1 на Арената во Скопје, вели дека повторно имавме проблем со реализацијата.
„Имавме одлични прилики, мора да поработиме на тој момент. Задоволен сум од одрeдени работи но, има и такви што треба да ги поправиме. Не сум задоволен од целосната слика“ – вели нашиот селектор.
„ Нашата филозофија е да играме напаѓачки и со висок пресинг. Затоа инсистирав да имаме тешки тестови, Финска е навистина квалитетна селекција“ -истакна селекторот Милевски.

