По вчерашниот убедлив пораз на гостувањето кај Италија, селекторот Благоја Милевски на прес-конференцијата ги искажа своите видувања за она што се случуваше на теренот во Рим.
„Кога ќе примиш 4 гола од вкупно 5 по прекин значи дека не си фокусиран во натпреварот. Тоа беше главниот проблем. Стартот и првиот дел не беше како треба, а по измените се вративме во игра, се отворивме, но не израмнивме. Во целост не сум задоволен, посебно во првото полувреме и секако од резултатот“.
Околу замената на Елиф Елмас, тој додаде:
„Елиф Елмас побара сам измена, не се чувствуваше физички спремен да го доврши мечот“.