Меѓу макеоднските навивачи во Букурешт деновиве е и селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година, Благоја Милевски. Човекот кој во 2017 година ги однесе младинците на едно ЕП, сега ја следи сениорската репрезентација на натпреварите во Букурешт. Со него поразговаравме два дена по мечот со Австрија.
„Навистина посебно чувство и пред, па и за време на натпреварот со Австрија. За секоја пофалба се сите овие луѓе кои се овде дојдени да дадат поддршка на фудбалерите. Мене ми беше навистина посебно чувство за сите овие денови. Се надевам дека така ќе биде и против Украина“, вели селекторот на младата репрезентација, Благоја Милевски.
Комплетниот разговор следете го во програмата на Спортското радио 90.3 фм.