На прес-конференцијата по пријателскиот меч со Ерменија, селекторот на нашата репрезентација Благоја Милевски изјави дека е задоволен од победата со оглед на тоа дека се играло под тешки услови и во тимот имал осум нови играчи од кои двајца дебитанти.
„Имавме осум нови играчи во однос на мечот со Украина од кои двајца дебитанти. Мислам дека оние кои што добија шанса покажаа зошто се тука и зошто добиле минутажа. Публиката го побара Дориев да, но мислам дека тој ја доби потребната минутажа против Украина. Ова е она што Македонија го има, најдоброто во моментов. Резултатот секогаш е важен, но секако и играта. Ерменија е квалитетна и затоа пробавме повеќе варијанти. Од меч во меч се поправаме“, изјави нашиот селектор.