Полскиот напаѓач Аркадиуш Милик се пошегува со тоа како би можеле да го сопрат Килијан Мбапе.
Милик вели дека на тимот ќе му требаат скутери за да ја запре француската ѕвезда Килијан Мбапе на утрешниот дуел од осминафиналето на Светското првенство меѓу двете селекции во Катар.
„Како да се браниме од Мбапе? Мислам дека ќе ни требаат скутери за да го направиме тоа бидејќи тој е толку брз. Би било тешко без скутери. Тешко е да се игра против еден од најдобрите во светот. Мораме да играме тимски и добро да соработуваме во тимот, бидејќи не постои ниту еден човек кој може да го спречи“, коментираше Милик на денешната прес-конференција.