Фудбалерот на Јувентус, Аркадиуш Милик, кој се повреди на вчерашниот меч со Монца во Серија „А“, ќе мора да паузира најмалку месец и половина.
Лекарските прегледи потврдија дека има повреда на мускулот на левата нога, пишуваат денеска италијанските медиуми. Тоа ќе биде проблем за Масимилијамо Алегри кој во континуитет не може да ги користи најдобрите.
Ќе потсетиме дека Душан Влаховиќ по подолг период дури вчера се врати на теренот додека Пол Погба и натаму е надвор од стројот.