Играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ наводно ја прифатил понудата на Ал Хилал за преселба на Блискиот Исток.
Србинот беше поврзуван со преселба во Саудиска Арабија во последните денови, а „Ла Република“ денеска објави дека играчот од средниот ред ја дал својата согласност за понудата од Ал Хилал.
Нивната понуда од 40 милиони евра има позитивни знаци дека римскиот тим ќе ја прифати, а Јувентус се уште нема евентуална понуда за српскиот репрезентативец, иако најави дека се сериозни во намерите да го доведат во Торино.