Играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, може да се пресели во Јувентус. Бјанконерите веќе долго време се заинтересирани за српскиот репрезентативец и сега презедоа конкретни чекори за да го привлечат.
Има информации дека Милинковиќ-Савиќ веќе ја прифатил понудата на Јувентус. Тој е задоволен од она што тимот на Јувентус му го предложил лично за него, но ќе биде многу потешко да се постигне договор помеѓу двата клуба. Лацио сигурно ќе сака повеќе од 100 милиони евра за да се раздели со својата ѕвезда. Во оваа сезона Милинковиќ-Савиќ има одиграно 31 натпревар и постигнато 5 гола во Серија А. Тој постигна еден од головите за победа од 2:0 против Аталанта во финалето од Купот на Италија.
Интересно е дека Јувентус веројатно ќе го има овој играч и тоа повторно под раководство на Симон Инзаги, кој е еден од фаворитите за наследник на Масимилиано Алегри кој заминува од екипата по крајот на сезоната.