Новиот спортски директор на ПСЖ, Леонардо, успеал да го убеди српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ да се пресели на – „Паркот на принцовите“.
Медиумите објавија дека италијанскиот Лацио ја прифатил понуда на Французите од големи 80 милиони евра и дека му дозволил на играчот да си замине. За потписот на 24-годишниот напаѓач конкурираа уште неколку европски гиганти, но, тој е пред вратата на ПСЖ доколку се потврдат денешните информации низ медиумите.
Милинковиќ-Савиќ во 2015 година го напушти бегискиот состав Генк и за 18 милиони евра се активираше во редовите на „римските орли“. Тој во дресот на Лацио одигра 162 меча во сите конкуренции на кои постигна 31 гол.