Контроверзниот сопственик на грчкиот фудбалски клуб ПАОК, Иван Савидис, им ветил премија на фудбалерите на тимот во висина од 1 милион евра, доколку успеат да го елиминираат Спартак (М) и да обезбедат пласман во плеј-офот од квалификациите во Лигата на шампионите.
Според порталот Betfootball.gr , савидис на сличен начин ги мотивирал фудбалерите и пред дуелот со Базел во втората квалификациска рунда од Лигата на шампионите, но тогаш во игра била помала сума.
Првиот натпревар меѓу ПАОК и Спартак, кој се одигра во Солун, заврши со победа на грчкиот клуб со 3:2. Реваншот е утре во Москва.