Сериозните здравствени проблеми на Себастиен Халер ги принудија челниците на Борусија Дортмунд да бараат нов голгетер.
Фудбалерот кој беше купен од Ајакс за 31 милион евра има тумор на тестисите и ќе мора да оди на хемотерапија. Прашање е дали воопшто и ќе се врати на фудбалските терени.
Затоа „милионерите“ планираат да испратат понуда до Џовани Симеоне. 27-годишниот играч на Верона во изминатата сезона имаше 17 голови и пет асистенции во Серија А.