17-годишниот, Џед Белингем, е нов фудбалер на германскиот состав Борусија Дортмунд откако беше купен од англискиот Бирмингем за 23 милиони евра, што е повеќе од сериозна сума за тинејџер.
Белингем кој ги поминал сите младински категории во англиската репрезентација, во дресот на Бирмингем е стандарден првотимец и во тековнава сезонава има 39 настапи во Чемпионшип.
Младиот играч ќе им се приклучи на „милионерите“ откако ќе заврши сезоната во Англија која поради пандемијата со ковид-19 ќе биде продолжена до крајот на јули.