Фудбалерите на Борусија Дортмунд денеска ќе се сретнат со Барселона во реваншот од 1 /4 финалето во елитата на Европа. Гостите кои на хартија имаат предност од 4:0, немаат пораз во последните 24 мечеви во сите конкуренции – 20 победи и четири нерешени.
Германскиот состав пак, има катастрофален ефект против шпанските состави. Имено, „милионерите“ на последните 18- ет натпревари со екипите од Пиринеите имаат само четири победи, пет нерешени и девет порази. Борусија Дортмунд: Кобел; Шуле, Чан, Антон; Рајерсон, Нмеха, Свенсон, Чуквуемека, Грос; Бајер, Гираси. Барселона: Шчесни; Кунде, Кубарси, Мартинез, Де Јонг; Лопез, Педри; Јамал, Левандовски, Рафиња.
Судија ќе биде Маурицио Маријани од Италија. Тој во тековнава сезона се појави на дури шест мечеви во Лигата на шампионите на кои покажа 24 жолти картони.

