Фудбалерите на Борусија Дортмунд се пред невозможна мисија во ЛШ бидејќи на домашен терен треба да надополнат голема негатива од првиот меч против Тотенхем кога загубија убедливо на легендарниот стадион – „Вембли“ со 3 спрема 0. Во Борусија Дортмунд ќе ги нема Пишчек и Пулишиќ. Во Тотенхем под знак прашалник се: Деле Али, Дајер и Винкс.
Двата тима имаат лоши серии во домашните шампионати. Тотенхем нема победа во последните три меча во Премиерлигата додека „милионерите“ во последните шест средби забележаа само еден триумф. Екипата од Бундеслигата досега има забележано 2 победи против Тотенхем, 3 средби завршиле нерешено а англичаните се радувале три пати. „Милионерите“ постигнале 7 голови додека островјаните ја погодиле противничката мрежа девет пати.
Се претпоставува дека за Борусија Дортмунд денеска ќе започнат: Бурки, Хаким, Аканџи, Диала, Гереиро, Дилејни, Витсел, Санчо, Гетце, Ројс, Алкасер. За екипата на Тотенхем од првата минута треба да бидат активни: Лорис, Роуз, Вертонген, Орие, Даер, Алдервејрелд, Ванјама, Сисоко, Ериксен, Сон и Кејн. Главен судија: Дени Меккел од Холандија. Реванш средбите од 1 / 8 финалето во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Ајакс и Борусија Дортмунд- Тотенхем кои ќе започнат во 21 часот ќе можете да ги следите на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.

