Новото засилување на Реал Мадрид Едер Милитао беше официјално преставен од страна на раководството на Реал Мадрид, а притоа бразилецот не штедеше зборови за својот нов клуб.
„Сакам да направам историја во најголемиот клуб во светот“ рече Милитао.
21-годишниот Бразилец беше имаше одлчни настапи во дресот на Порто и беше договорен за трансфер уште во март, при што од Реал се согласија да платат 50 милиони евра за неговите услуги.
Тој потпишал шест годишен договор, а беше дел од бразилската репрезентација што триумфираше во Копа Америка и во финалето против Перу дури влезе во игра како замена на Филипе Кутињо.
Утрово тој ги помина медицинските прегледи во Реал Мадрид без никакви проблеми, а потоа ќе се приклучи на подготовките на тимот кој веќе пристигна во Канада.