Фудбалскиот состав на Беласица кој по 6 кола во елитната конкуренција е закован на дното на табелата без бод, денеска остана и без тренер.
Струмичкиот состав објави дека по неделниот пораз од Пелистер ја прифатило оставката на Ване Милков. Тој ќе остане во клубот, но, сега ќе биде технички директор.
Беласица на утрешниот куп натпревар (1/16) против Росоман ќе ја води асистентот, Александар Василев.

