Ветеранот во англиската Премиерлига, Џејмс Милнер се искачи на второ место на вечната листа според бројот на настапи во Премиер лигата. Играчот од средниот ред на Брајтон синоќа се појави на натпреварот против Вулверхемптон во 21. коло од англискиот шампионат и гозапиша својот 633. натпревар во англиската лига.
Поранешниот играч на Ливерпул и Манчестер Сити го помина поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, а на врвот засега осамен е Герет Бери кој има 653 натпревари во Премиер лигата.