Играчот од средниот ред на Ливерпул, Џејмс Милнер, може да настапи на денешниот меч со Дерби Каунти во Купот на Англија.
36-годишниот фудбалер не се појави на дуелот со Тотенхем во Премиер лигата но, сега ќе биде на списокот. Се очекува тренерот Јирген Клоп, да им даде шанса помладите – голманот Кевин Келахер, дефанзивците Калвин Ремзи и Нат Филипс како и Стефан Бајчетиќ.
Мечот на „Енфилд“ ќе започне во 21.00 часот.