Играчот од средниот ред на Ливерпул, Џејмс Милнер ја коментираше победата од 2:1 на домашен терен од 8. коло на англиската Премиер лига со Лестер Сити.
33-годишниот играч стана автор на победничкиот гол, реализирајќи пенал во 95-та минута.
„Воодушевен сум од резултатот. Ние знаевме дека не чека тежок натпревар. Во првото полувреме немавме многу шанси, но во второто полувреме пропуштивме неколку шанси. Одлично е што нашиот тим секогаш се обидува да најде начин да дојде до победа. Можеби сте забележале дека во второто полувреме неколку играчи беа уморни. Шансите на Ливерпул за титулата? Не можеме да си дозволиме премногу порази или нерешени средби. Тимот треба да продолжи да се подобрува. Имавме одличен почеток, но сепак имаме уште долг пат. Минатата година немавме доволно бодови во првенството, затоа треба само да продолжиме во ист дух “, изјави Милнер.