Руската фудбалска федерација утрово потврди дека некогашниот српски судискиинтернационалец Милорад Мажиќ следната сезона ќе се грижи за судиите во оваа земја.
Поранешниот српски судија во Москва потпиша двегодишен договор со можност за продолжување на уште една година. По две години на Кипар, и една сезона во Кина, Милорад Мажиќ ја прифати поканата од Русија и врз основа на неговите одлични врски со врвот на судиската организација, подготви сет мерки за подобрување на тамошната организација.

