Михајло Милосавиќ е ново засилување за ФК Вардар.
Како што објавија денеск од клубот, Милосавиќ во Скопје доаѓа од српскиот претставник во групната фаза на Лигата на Европа, екипата на ТСЦ Бачка Топола.
Во младинските категории бил дел од најголемите српски клубови Војводина, Партизан и Црвена звезда. Милосавиќ има 19 години, игра во средниот ред и е актуелен репрезентативец на Србија во селекцијата до 19 години.