Дефанзивецот на Наполи, Ким Мин-Јае, ја доби наградата за најдобар играч во Серија „А“ за месец септември.
Фудбалерот од Јужна Кореја кој беше купен во текот на летото ги надмина очекувањата и засега е еден од најдобрите на теренот. Тој ја освои наградата од навивачите пред играчот на Удинезе, Родриго Бекао и Мерик Демирал од Јувентус.
Соиграчот на нашиот Елмаз ќе ја добие наградата пред утрешниот натпревар со Торино во рамките на Серија „А“