Европскиот фудбалски шампион, Манчестер Сити, ќе влезе во трката за дефанзивецот на Наполи – Ким Мин, за кого се заинтересирани и составите на Баерн (Минхен) и Манчестер Јунајтед.
Според наведеното, „граѓаните“ се подготвени да испратат околу 50 милиони за да го ангажираат одличниот стопер кој во изминатата сезона одигра 45 натпревари на кои постигна 2 гола и забележа 2 асистенции.
Корејскиот интернационалец во летото во 2022 година го напушти тимот на Фенербахче и за нешто повеќе од 18 милиони евра се пресели на „Чизмата“.