Новиот напаѓач на Ливерпул, Такуми Минамино, нема да може да го направи својот деби натпревар на утрешниот натпревар против Шефилд Јунајтед.
Јапонцот е подготвен, но правилото на Англиската фудбалска асоцијација го спречува да биде дел од средбата на „Енфилд“. Официјално, неговиот договор со клубот стапува во сила денес, но и денес започна 21-то коло од Премиер лигата, а тој меч е токму од ова коло. Според правилата, даден играч мора да има дозвола за настап најмалку еден ден пред да започне содветното коло.
Така, Минамино ќе му биде на располагање на Јирген Клоп за дербито против Евертон во ФА Купот на 5 јануари. Овој фудбалер беше купен од Ред Бул (Салцбург) откако Ливерпул ја активираше откупната клаузула од 10 милиони евра.