Пред утрешниот дуел против нашата фудбалска селекција, денеска прес-конеференција одржаа и Ерменците. Селекторот на ерменскиот национален тим, Вардан Минасјан, истакна дека ќе бара подобра реализација од своите фудбалери на дуелот со Македонија.
„Ние создадовме добри шанси на натпреварот со Лихтенштајн, но во повеќето од нив не можевме да погодиме. Сега треба да бидеме попродуктивни со Македонија. Несомнено, сакаме да постигнеме позитивни резултати. Македонија игра дома и затоа е фаворит“, рече Минасјан.