Шпанските медиуми објавија дека Оскар Мингеса ќе ја напушти Барселона и за 2,5 милиони евра ќе се пресели во екипата на Селта Виго.
Трансферот треба да биде потврден во текот на денов или в понеделник. Договорот на дефанзивецот ќе биде до 2026 година а Барса ќе добие процент од евентуалната негова наредна продажба.
23-годишниот Мингеса имаше понуди и од Турција.