Министерството за спорт најостро ги осудува свирежите на националната химна од страна на навивачите на Шкендија и однесувањето на играчите кои одбија да ги примат медалите по завршувањето на финалето на Купот.
– Министерството за спорт пристапува кон разгледување на можноста за измени во Законот за спорт со кои ќе ги прошириме ингеренциите на државата со цел ваквите појави да бидат сериозно санкционирани. Казните ќе бидат во делот на добивањето државна помош а во крајна линија ќе се предвиди и постапка за одземање на решенијата за дејност спорт, со што ќе се губи правото на настап во националното првенство“ – стои во објавата.
-Воедно, ја повикуваме и Фудбалската федерација на Македонија да го промени својот првилник кој би бил многу поригорозерн во санкционирањето на нарушувања од секаков вид“ – се потенцира во дел од соопштението на Министерството за спорт.

