Голманот на Ливерпул, Симон Мињоле свесен дека со доаѓањето на Бразилецот, Алисон Бекер, ќе мора главно да ја грее клупата на „Енфилд“, најавил дека размислува да си замине од тимот.
Реномираната – „Марка“ објави дека Белгиецот се наоѓа на радарот на Барселона која најверојатно ќе биде принудена да побара замена за Јаспер Силенсен.
Холанѓанецот нема намера и понатаму да биде на клупата за резерви и затоа ќе си побара нов состав. Миноле, пак, неодамна јавно изјави дека не сака да биде трет голман кај „црвените“.