Голманот, Симон Мињоле, по шест години поминати во дресот на Ливерпул се определи да се врати во татковината.
Белгиецот од вчера е нов фудбалер на Клуб Бриж кој за неговиот потпис ќе плати 7 милиони евра со можност сумата да дојде до 9 милиони ако се вклучат сите предвидени бонуси.
Мињоле кој во претходната сезона забележа само два настапа за Ливерпул и тоа во купот, вчера беше на клупата на „црвените“ на мечот со Манчестер Сити одигран на „Вембли“ а само неколку часа подоцна замина во Бриж.