Познатиот агент Мино Рајола е на интензивна нега, пренесува „Фудбал Италија“. Според изворот, состојбата на Рајола се влошила и тој сега е на интензивна нега во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано поради белодробна болест.
На 12 јануари беше објавено дека Рајола бил пренесен во болница и итно опериран. Сепак, Рајола подоцна на Твитер објави дека е на рутински медицински преглед.
Да потсетиме, меѓу клиентите на Рајола се голманот на Пари Сен Жермен и на италијанската репрезентација Џанлуиџи Донарума, норвешкиот напаѓач на Борусија Дортмунд Ерлинг Халанд, шведскиот напаѓач на Милан Златан Ибрахимовиќ, холандскиот дефанзивец на Јувентус Матијс де Лихт, играчот за врска на Манчестер Јунајтед и француската репрезентација Пол Погба и други познати фудбалери.