Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Миовски и донесе победа на Македонија против Фарски Острови
    Фудбал

    Миовски и донесе победа на Македонија против Фарски Острови

    risteBy riste27/03/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската репрезентација на Македонија успеа да го заврши мартовскиот термин за меѓународен настап со две победи на две средби. По триумфот над Малта во квалификациите за ЕП 2024  со 2:1, нашата репрезентација тешко, но заслужено, славеше над Фарски Острови (1:0) во првиот меѓусебен натпревар во историјата.

    Овие две победи треба да бидат мотив за следните предизвици кои ја очекуваат репрезентацијата во месец јуни, а прв меч е Украина на домашен терен. За разлика од претходниот натпревар против Малта од евроквалификациите, селекторот Милевски направи шест промени. Во стартниот тим ги немаше Димитриевски, Зајков, Муслиу, Елмас, Трајковски и Миовски, дел од нив беа ослободени поради повреди, дел останаа на клупата.

    Во првото полувреме Македонија беше таа која имаше повеќе ппосед на топка и неколку неискористени шанси, но и еден поништен гол во 25. минута, кога Енис Барди доби длабочинска топка, мина крај голманот Рејнатрод и погоди, но оправдано беше поништен погодокот поради офсајд. Во 28. минута, судијата Савовиќ не покажа на белата точка по очигледна игра со рака на еден од дефанзивците на Фарските Острови по центаршут на Стефан Ристовски. Во 37. минута, Езџан Алиоски имаше прекрасна можност за гол, но топката удри во пречката од голот на Фарски Острови.

    Првата можност во вториот дел ја имаше Македонија. Дарко Чурлинов во 50. минута направи слалом во одбраната на гостите, претрча сам половина терен, но шутот по земја беше млак и не можеше да заврши во голот на противникот. Конечно во 81. минута Македонија го скрши отпорот на Фарски Острови, Бојан Миовски излезе сам пред голманот откако доби една топка од Ашковски и го совлада со прецизен шут по земја.

    Во месец јуни Македонија ја чека еден домашен и еден гостински предизвик. Домашниот е против Украина закажан на 16 јуни, а три дена подоцна, на 19 јуни, националниот тим гостува на „Олд Трафорд“ во Манчестер кај Англија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Гасперини останува во Аталанта и следната сезона

    07/06/2023

    Состојбата на Рико и натаму е сериозна

    07/06/2023

    Јувентус преговара со Реал за Лукас Васкез

    07/06/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Гасперини останува во Аталанта и следната сезона
    • Состојбата на Рико и натаму е сериозна
    • 30 години од смртта на кошаркарскиот Моцарт
    • Јувентус преговара со Реал за Лукас Васкез
    • И Обемејанг се сели во Саудиска Арабија?
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.