Македонските репрезентативни напаѓачи Бојан Миовски и Елмин Растодер имаа одличен ден во дресот на своите клубови. Миовски и неговиот Ренџерс се пласираа во четвртфиналето од Купот на Шкотска откако убедливо со 8-0 славеа во пресметката против Квинс Парк, а нашиот голгетер го постигна седмиот гол за домашниот тим во 80-тата минута.
Елмин Растодер продолжи да блеска во дресот на Тун, откако денеска на гостувањето кај Сервет беше меѓу клучните играчи во победата од 1-3. Растодер го отвори резултатот во 40-тата минута, носејќи му водство на својот тим од 0-1. Ова беше негов осми погодок во тековната сезона.

