Младиот напаѓач на Македонија, Бојан Миовски, верува дека можеме да се надигруваме со Португалија иако домаќинот ќе биде крајно претпазлив по нашата сензационална победа во Палермо.
„Од вчера сме фокусирани на Португалија. Ги анализираме, гледаме каде се нивните слаби страни, останува да ги искористиме и да покажеме што знаеме за да се радуваме на победа“ – вели Миовски.
„Се надевам дека ќе добиеме многу повеќе дуели со португалците. Сега тие гледаат многу поразлично на нас. Ги победивме Германија и Италија на гости и сигурно тоа не е случајно. Португалија сега повеќе не респектира. Ќе дадеме се да ги победиме“ – вели Миовски во изјвата за Спортско радио 90,3 ФМ.