Бојан Миовски го постигна голот за победа со кој Абердин вчера избори финале во шкотскиот Лига куп. Очекувано доби многу комплименти и од фановите и од медиумите за играта и победата. Македонскиот репрезентативец реализираше во 78. минута, што беше доволно за пласман во големото финале, а „Би-Би-Си“ со право го прогласи за играч на натпреварот.
„Ова е неверојатно чувство, секогаш е специјално да победиш на ваков натпревар, сите играчи работат напорно за ваквите моменти. Фановите секогаш се зад нас, без разлика дали играме дома или на гости, не сум почувствувал вакво нешто во друг клуб. Тие ме мотивираат на теренот и ова финале е за нив“, изјавил Миовски.